УСЛУГИ
Во соработка со нашите партнери, нудиме прилагодливи решенија за Вас и Вашата компанија.
Нашиот каталог на услуги секојдневно се надополнува со најновите технологии и опрема, а се со цел да понудиме практични, современи и прецизно прилагодени решенија. Нудиме услуги и решенија во следниве области:
СТРУКТУРНИ КАБЕЛСКИ СИСТЕМИ
Решенијата за структурно каблирање што ги нуди Ист Нетворк Груп за вашата канцеларија се инвестиција во иднината.
Ние го знаеме точниот одговор на вашето барање, благодарение на долгогодишното искуство во сферата на структурни кабелски системи.
Нашите услуги во областа на структурното каблирање вклучуваат:
- Консултантски услуги – избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и развојниот план
- Проектирање – изработка на план за мрежа на податоци според дадена ситуација и барање на клиентот
- Продажба – нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема за структурно каблирање (телекомуникациски кабинети, канали, кабли, панели итн.)
- Инсталација – поставување и инсталирање на канали, телекомуникациски кабинети, панели, утичници, кабли, притоа придржувајќи се до последните TIA/EIA стандарди
- Документација за изведба – исцртување и означување на изведената инсталација на основа на кат во CAD програми
ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ И МРЕЖА
Иницијално средување и проектирање на компјутерскиот систем:
- Изработка на проект кој ќе претставува нацрт на компјутерскиот мрежен систем на Клиентот. Правење на студија во која би се разработиле можностите за натамошен развој на системот, во согласност со новиот технички развој и трендови.
- Анализа на состојбата на секој компјутер, одделно, и извршување на соодветна стручна интервенција, секаде каде што е потребно. Оптимизација на работата на секој компјутер, по извршената анализа.
- Анализа на состојбата на компјутерската мрежа, начинот на поврзување и изнајдените топологиски решенија. Оптимизација на мрежата. Проверка на спроведените кабли во зградата и
начинот на нивна заштита. Пронаоѓање на нови начини за поврзување на мрежата. - Сигурносна анализа на системот, проверка на можна отвореност кон надвор и заштита во рамките на внатрешната мрежа.
- Проверка на состојбата на сите печатари и плотери. Инсталација на нови резервоари со мастило и тонери каде што е потребно. Преглед на состојбата на ваљаците, главите и другите делови подложни на амортизација во печатачите и плотерите.
Интервенција во случај на појава на дефект во системот:
- Повикот за интервенција може да се направи кај одговорните лица во Ист Нетворк Груп за одржувањето на системот на Клиентот, според Договорот.
- Пријавата на дефектот може да се направи со повик на телефон кај одговорното лице, испраќање на SMS порака на мобилен телефон или со пријава по пат на e-mail порака.
- Ист Нетворк Груп се обврзува во рок според Договорот да преземе активности во случај да е потребно итно отстранување на дефектот. Во случај на пријава на дефектот после договореното време, постапката за отстранување на дефектот ќе се започне следниот ден.
- Ист Нетворк Груп се обврзува да ги набави сите потребни делови, во најкусо можно време, за отстранување на дефектот, според услови кои се наведени во следната точка.
- Ако се појави дефект во плотер или печатач, за кој после извршената дијагностика се утврди дека е потребна интервенција од електроничар или друго стручно сервисирање за тој уред, Ист Нетворк Груп се обврзува да го однесе до овластениот сервис за тој уред, и по извршениот сервис да го врати назад кај Клиентот. За транспорт на уредот во рамки на град Скопје, Ист Нетворк Груп нема да изврши додатна наплата. Клиентот ќе го исплати само долгот спрема овластениот сервис за сервисирање на соодветниот уред.
Редовно одржување на компјутерскиот систем и техничка помош за вработените:
- Редовна посета на Клиентот од страна на наш вработен
- Машинско одржување на опремата:
- Проверка на состојбата на компјутерите, дијагностика на појавувањето на можни
проблеми; - Проверка на состојбата на печатачите и другата компјутерска опрема, дијагностика на појавувањето на можни проблеми;
- Замена на тонерите и мастилата во уредите во кои тие се потрошени; репарација на старите касети од тонерите и мастилата; тонерите и мастилата се наплаќаат според Договорот;
- Редовно средување на хард-дисковите со дефрагментација на дисковите. Организација на датотеките по фолдери на компјутерите локално и организација на компјутерските сервери.
- Консултации за вработените во текот на работата, телефонски и лично, според земениот Пакет.
- Програмско одржување на опремата:
- Проверка на состојбата на инсталираните апликациски програми на компјутерите
- Проверка на комуникациските програми и нивно конфигурирање за подобра работа;
- Антивирусна заштита;
- Редовно ажурирање на антивирусен софтвер: aжурирање на базата со антивируси, проверка и чистење на вируси. Интервенција при појавување на нови вируси: инсталација на нови
антивирусни програми за пронаоѓање на вируси; - Заштита на приватноста на податоците од тројанци, црви, spyware и друг шпионски софтвер;
- Заштита на вработените од различни ad-ови кои се закачуваат при сурфање на Интернет.
- Одржување на компјутерската мрежа;
- Редовен преглед на каблите за поврзување, одредување на нивната состојба;
- Преглед на сите Switch-ови, Hub-ови, модеми и другата мрежна опрема;
- Проверка на заштитетноста од напади од надворешни лица во внатрешната мрежа, кои можат да се појават поради ажурирање и модернизирање на системот.
- Консултации за можни идни решенија во проширувањето на постоечката мрежа. Овие консултации ги опфаќаат надоградбите на постоечките компјутери, додавањето на нови периферни уреди во системот, поврзувањето на нови компјутери во системот.
- Проекти за најефикасна серверска организираност на системот. Голем број од компјутерите може да се користат само како терминали во системот, што ќе бара многу помала финансиска инвестиција во поглед на нивното оддржување и натамошни надоградби.
ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИ И ХОСТИНГ
Нашиот тим ќе се потруди да добиете уникатна професионална веб страна наменета за вашиот бизнис. Нашата примарна цел е да му помогнеме на вашиот бизнис да биде успешен во Вашата целокупна маркетинг стратегија.
Покрај изработка на веб страни и хостинг, нудиме и изработка на уникатна маркетинг содржина наменета за вашата веб страна и други додатоци како систем за директна комуникација со посетителите на вашата веб страна.
СЕРВИСЕН ЦЕНТАР ЗА IT ОПРЕМА
Ист Нетворк Груп има сопствен опремен сервис за компјутери, принтери и друга ИТ опрема, каде што ќе добиете професионална, квалитетна и брза услуга.
- Овозможуваме највисок можен квалитет на услугите, а во исто време и поволни цени и исклучителна техничка поддршка, која е од големо значење за нашите клиенти.
- Издаваме приемен лист за донесената опрема, со која Вашите компјутери не можат да бидат заменети или изгубени.
- Компјутерот детално се прегледува, а штом се дијагностицира проблемот, го консултираме корисникот за решението на истиот и за цената на услугата.
- По Ваше одобрение се одработува сервисот на компјутерот а не ретко и останатите проблеми кои ќе ги забележиме.
